Вештачка интелигенција во TeraBox: Сè што треба да знаете

 

Вештачка интелигенција во TeraBox: Сè што треба да знаете

TeraBox е популарен клауд сервис за зачувување податоци, кој во својата платформа интегрира напредни функции на вештачка интелигенција (AI). Во продолжение, ќе ги разгледаме клучните улоги и можности на AI алатките во овој сервис.

Дали AI функциите се бесплатни?

Краткиот одговор е – не целосно. Иако постои можност технички да испробате одредени функции преку бесплатен пробен период (trial), постојат строги ограничувања. Системот овозможува само неколку бесплатни обиди дневно.

Главни функции на AI во TeraBox:

  • Генерирање презентации

  • Креирање текстуални документи

  • Генерирање фотографии

  • Креирање видео записи


1. AI Презентации (AI Presentation)

Овој сегмент е наменет за автоматско креирање и дизајнирање на презентации. Постојат три главни категории:

  • Agent (AI-powered design and content): Процесот започнува со пишување „промпт“ (опис) каде ги дефинирате параметрите. Можете да изберете од 0 до 40 слајдови.

    • Лимити: До 15 слајдови се бесплатни (пробни), додека од 15 до 40 слајдови е достапно само за Премиум корисници.

    • Функционалност: Откако ќе се дефинира структурата и ќе се кликне „Generate“, презентацијата е готова. Сепак, во бесплатната верзија таа може само да се прегледа или сподели како линк – нема опција за симнување, едитирање или зачувување на клауд.


  • Standard (Quick slides with standard templates): Ги има истите ограничувања како претходната верзија, но нуди дополнителни опции за прилагодување:

    • Ниво на содржина: површна, средна или детална.

    • Избор на фотографии директно од веб.

    • Дефинирање на целната публика и стилот на пишување.

  • Beautify Slides: Опција за внесување на ваши постоечки слајдови и нивно визуелно „полирање“ и професионално модифицирање.


2. AI Пишување (AI Writing)

Сет на алатки специјализирани за креирање квалитетна текстуална содржина:

  • Deep Research: Генерирање на професионални и прецизни истражувања на специфична тема.

  • AI Essay Writer: Креирање есеи со хуманизиран стил кој тешко се детектира како AI. Должината се одредува според бројот на токени:

    • Под 3.000

    • 3.000 – 7.000

    • 7.000 – 12.000

    • 12.000 – 20.000 токени.

  • Smart Paraphrase: Алатка за парафразирање со цел подобрување на прецизноста на изразот.

Важно: Кај сите три текстуални алатки, содржината може само да се прочита. Без Премиум претплата, текстот не може да се копира, симнува или зачувува на вашиот клауд простор.


3. Мултимедија: Слики и Видео (AI Image & Video)

  • Image: Напредна алатка за генерирање на фотографии од текст.

  • Video: Дел наменет за креирање на видео записи.

Напомена: За разлика од презентациите и пишувањето, овие две функции се исклучиво Премиум и не нудат бесплатен пробен период (trial).


Поддржани јазици

Вештачката интелигенција во TeraBox моментално поддржува генерирање содржина на следните јазици:

  1. Англиски

  2. Индонезиски

  3. Шпански

  4. Португалски

  5. Кинески

Comments

Popular posts from this blog

Мојот AI пат - Од TTS 2019 до креатива 2026

Мое мислење, што би можело да означува логото на Meta AI?

Kако АI може да биде искористена за ваше идно стилизирање.