Posts

Како да направите матрица (караоке) од која било песна со помош на AI? - UVR online (x-minus.pro/ai)

 Дали некогаш сте посакале да отпеете некоја песна на караоке, но никаде не можевте да ја најдете нејзината инструментална верзија? Благодарение на напредокот на вештачката интелигенција, денес тоа е полесно од кога било. Во ова кратко упатство ќе ве прошетам низ процесот на раздвојување на гласот од музиката со користење на популарната онлајн алатка UVR online (x-minus.pro/ai) . За овој пример, ја користиме добро познатата песна од Весна Змијанац – „После свега, добро сам“. Еве како изгледа целиот процес чекор по чекор: Чекор 1: Избор на модел и прикачување (Upload) на песната Процесот започнува со едноставно прикачување на аудио датотеката на веб-страницата. Алатката нуди напредни опции каде што можете да изберете што точно сакате да изолирате (само музика и вокали, придружни вокали, бас, тапани, гитара итн.). За најдобри резултати при раздвојување на гласот од целата инструментална заднина, се користи моќниот AI модел MDX VocFT .  Чекор 2: Обработка на аудиото (Processing) ...

Начини на бришење во Google Music Flow

Начини на бришење во Google Music Flow. Постојат два начини за бришење во алатката за креирање на музика која што е развиена од Google, Google Music Flow. Кога се брише чатот постојат две можности, а тоа се: да се избрише чатот со се креираните песни или пак да се избрише без нив. Ако се избере да се избрише без нив песните стојат во делот Library. Втората опција е само бришење на песните од Library. Ако ги избришете песните од таа локација, во чатот ќе се прикаже дека тие повеќе ги нема. ВАЖНО: ВО ОВАА АЛАТКА НЕМА TRASH И ПЕСНИТЕ СЕ БРИШАТ ТРАЈНО. Д.Н .

Gemini нов изглед

Image
Ако деновиве ја отворивте апликацијата на Gemini , сигурно забележавте дека работите изгледаат прилично поинаку. Google официјално го пренесе новиот, освежен визуелен идентитет и на мобилните уреди. ​Еве неколку клучни импресии од новиот интерфејс: ​ Конзистентност меѓу уредите: Промената првин ја видовме на компјутер (десктоп верзијата), а сега истиот минималистички концепт е пренесен и на мобилен. Преминот е мазен – истите препознатливи пастелни бои, градиенти и визуелни елементи се присутни на двата екрани, што создава чувство на поврзаност без разлика од каде пристапувате. ​ „Hi Dejan, what’s on your mind?“ – Почетниот екран сега е максимално исчистен. Во фокусот е новата, редизајнирана четириаголна ѕвезда на Gemini која пулсира во препознатливите нијанси на сина, виолетова, жолта и црвена, директно поканувајќи ве на интеракција. ​ Организација со паметни папки (Notebooks): Страничното мени нуди одлична прегледност. Фокусот на организираноста се гледа преку секц...

И Clapper се придружи кон трендот со AI

 И Clapper се придружи кон трендот со AI И Clapper подлегна на трендовите со AI. Тие ја интегрираа оваа технологија во нивната апликација 06.04.2026 година. Oвозможува да се креираат видеа со неа. Дава две бесплатни видеозаписи да се креираат и потоа треба да си платиш ако сакаш повеќе. Но не е баш како што треба. не вади добри резултати. Тоа го воочив на тестот што го направив денес. Д.Н.

Kако АI може да биде искористена за ваше идно стилизирање.

  K ако А I може да биде искористена за ваше идно стилизирање. Се ближи времето за некој настан , а вие сте намеркале некој модел на фустан, сукња или костум.Но не знаете како ќе ви стои? Па тука ви е AI да ви помогни. Ќе прашате како. Е вака. Ќе земете ваша слика и слика од самиот костим или било кое парче на облека. Ќе напишете промт каде што ќе е задржано вашето лице и да го стави тоа парче на вас. Од друга страна можете да побарате како да се облечите за некоја веселба или настан. Ќе ги испробате сите комбинации и ќе видете дали тоа е ок за вас или не. А може многу да ви помогне ако најдете некое парче облека и не знаете кој го направил. Ќе ја прашате ВИ и потоа со споредување на слики од нет ќе го најдете креаторот. Слика од промпт Оригиналната фотка, фотка од косумот и резултатот ВАЖНО: ВИРТУЕЛНОТО И РЕАЛНОТО НЕ Е ИСТО, ОВА ЌЕ ВИ ДАДЕ ВИЗИЈА ДАЛИ СЕ ГЛЕДАТЕ ВО ТОА ПАРЧЕ ИЛИ НЕ. Затоа во бутик пробај, а овде само види Д.Н.

Која AI алатка за креирање на музика најдобро пее на македонски?

Image
 Која AI алатка за креирање на музика најдобро пее на македонски? Јас како креатор, користам многу алатки за креирање на песни со помош на AI. Моите песни се на македонски јазик. Некои од нив пеат ок на македонски јазик, но една алатка ме воодушеви со пеењето на нашиот јазик. За која алатка станува збор? Тоа е алатката Google Flow. Навистина пее одлично. Не се изговараат некои букви чудно, туку изговорот е навистина воодушевувачки. Дополнително тука нема потреба пишување од разни тагови, туку само одите во промтот давате убав опис и описот може да е на македонски јазик. После секое генерирање ви дава и предлози како да ја подобрите самата изработена песна. Од сите алатки што сум ги пробал ова навистина ме водушеви. Д.Н.

Во која алатка за креирање AI музика плејерот не работи на Brave?

Во која алатка за креирање AI музика плејерот не работи на Brave? ​Тоа е Udio . Ако користиш Brave и не ти пушта звук, знај до прелистувачот е!  Не се нервирај не е до акаунтот баш пишува кога ќе кликнеш да ја слушниш песната. Д.Н.