Трикови за добро зборување на TTS глас на македонски јазик 1 Да нема наводници во збор. Доколку ги има потрерно е истите да ги трегнете. Зошто? Бидејќи ако ги има гласот нив ги чита како ќ. Па ако зборо е Дејан ќе премине во ЌДејан. 2 Се што е бројка – датум, број и година да се пишуваат со зборови. Зошто. Ако напишете 1994 година ќе ви го прочита илјада деветстотини деведесет и четири година, па зато ќе му напишете илјада деветстотини деведесет и четврта гоидина. 3 Доколку имате некои зборови кои што се на англиски јазик, а не ги чита како што треба, напишете ги како што се изговараат на англиски јазик ама на кирилица . 4 Употреба на интерпукциски знаци – ставајте ги овие знаци за да му се укажи на системот кога да направи пауза, кога да ја заврши реченицата и кога да заопчне нова. 5 Кратенки – ако имате кратенки напишете ги во целосна форма за да ги прочита како целосен збор. Д.Н.
Posts
Showing posts from July, 2026
Како да направите матрица (караоке) од која било песна со помош на AI? - UVR online (x-minus.pro/ai)
- Get link
- X
- Other Apps
Дали некогаш сте посакале да отпеете некоја песна на караоке, но никаде не можевте да ја најдете нејзината инструментална верзија? Благодарение на напредокот на вештачката интелигенција, денес тоа е полесно од кога било. Во ова кратко упатство ќе ве прошетам низ процесот на раздвојување на гласот од музиката со користење на популарната онлајн алатка UVR online (x-minus.pro/ai) . За овој пример, ја користиме добро познатата песна од Весна Змијанац – „После свега, добро сам“. Еве како изгледа целиот процес чекор по чекор: Чекор 1: Избор на модел и прикачување (Upload) на песната Процесот започнува со едноставно прикачување на аудио датотеката на веб-страницата. Алатката нуди напредни опции каде што можете да изберете што точно сакате да изолирате (само музика и вокали, придружни вокали, бас, тапани, гитара итн.). За најдобри резултати при раздвојување на гласот од целата инструментална заднина, се користи моќниот AI модел MDX VocFT . Чекор 2: Обработка на аудиото (Processing) ...