Posts

Showing posts with the label AI

И Clapper се придружи кон трендот со AI

 И Clapper се придружи кон трендот со AI И Clapper подлегна на трендовите со AI. Тие ја интегрираа оваа технологија во нивната апликација 06.04.2026 година. Oвозможува да се креираат видеа со неа. Дава две бесплатни видеозаписи да се креираат и потоа треба да си платиш ако сакаш повеќе. Но не е баш како што треба. не вади добри резултати. Тоа го воочив на тестот што го направив денес. Д.Н.

Kако АI може да биде искористена за ваше идно стилизирање.

  K ако А I може да биде искористена за ваше идно стилизирање. Се ближи времето за некој настан , а вие сте намеркале некој модел на фустан, сукња или костум.Но не знаете како ќе ви стои? Па тука ви е AI да ви помогни. Ќе прашате како. Е вака. Ќе земете ваша слика и слика од самиот костим или било кое парче на облека. Ќе напишете промт каде што ќе е задржано вашето лице и да го стави тоа парче на вас. Од друга страна можете да побарате како да се облечите за некоја веселба или настан. Ќе ги испробате сите комбинации и ќе видете дали тоа е ок за вас или не. А може многу да ви помогне ако најдете некое парче облека и не знаете кој го направил. Ќе ја прашате ВИ и потоа со споредување на слики од нет ќе го најдете креаторот. Слика од промпт Оригиналната фотка, фотка од косумот и резултатот ВАЖНО: ВИРТУЕЛНОТО И РЕАЛНОТО НЕ Е ИСТО, ОВА ЌЕ ВИ ДАДЕ ВИЗИЈА ДАЛИ СЕ ГЛЕДАТЕ ВО ТОА ПАРЧЕ ИЛИ НЕ. Затоа во бутик пробај, а овде само види Д.Н.

Која AI алатка за креирање на музика најдобро пее на македонски?

Image
 Која AI алатка за креирање на музика најдобро пее на македонски? Јас како креатор, користам многу алатки за креирање на песни со помош на AI. Моите песни се на македонски јазик. Некои од нив пеат ок на македонски јазик, но една алатка ме воодушеви со пеењето на нашиот јазик. За која алатка станува збор? Тоа е алатката Google Flow. Навистина пее одлично. Не се изговараат некои букви чудно, туку изговорот е навистина воодушевувачки. Дополнително тука нема потреба пишување од разни тагови, туку само одите во промтот давате убав опис и описот може да е на македонски јазик. После секое генерирање ви дава и предлози како да ја подобрите самата изработена песна. Од сите алатки што сум ги пробал ова навистина ме водушеви. Д.Н.

Во која алатка за креирање AI музика плејерот не работи на Brave?

Во која алатка за креирање AI музика плејерот не работи на Brave? ​Тоа е Udio . Ако користиш Brave и не ти пушта звук, знај до прелистувачот е!  Не се нервирај не е до акаунтот баш пишува кога ќе кликнеш да ја слушниш песната.

Вештачка интелигенција во TeraBox: Сè што треба да знаете

  Вештачка интелигенција во TeraBox: Сè што треба да знаете TeraBox е популарен клауд сервис за зачувување податоци, кој во својата платформа интегрира напредни функции на вештачка интелигенција (AI). Во продолжение, ќе ги разгледаме клучните улоги и можности на AI алатките во овој сервис. Дали AI функциите се бесплатни? Краткиот одговор е – не целосно . Иако постои можност технички да испробате одредени функции преку бесплатен пробен период (trial), постојат строги ограничувања. Системот овозможува само неколку бесплатни обиди дневно. Главни функции на AI во TeraBox: Генерирање презентации Креирање текстуални документи Генерирање фотографии Креирање видео записи 1. AI Презентации (AI Presentation) Овој сегмент е наменет за автоматско креирање и дизајнирање на презентации. Постојат три главни категории: Agent (AI-powered design and content): Процесот започнува со пишување „промпт“ (опис) каде ги дефинирате параметрите. Можете да изберете од 0 до 40 слајдови. Лимити: До 15 слајдо...

GAIR

Image
GAIR Еве една моја формула за добивање на добар резултат во која било алатка за AI. Д.Н. 

Зошто е добро да се користи AI музика во видеозаписи на YouTube?

  Зошто е добро да се користи AI музика во видеозаписи на YouTube? Знаеме дека YouTube е доста строг кога станува збор за музика. Може да ви блокира видео, да добиете страјк итн. Па затоа користете AI музика. Во продолжение прочитај за придобивките: Без страв од блокирање: Со креирањето на овие мелодии вие немате страв од тоа дали вашите видеозаписи ќе бидат блокирани. Без Copyright Strike: Од друга страна, нема да добиете Copyright Strike. Без губење содржина: Трето, со тоа не губите ваша содржина и сте целосно ослободени од стрес. Заклучок: Вие имате уникатни мелодии без кои нема да се афектира негативно каналот. Д.Н.

Microsoft Paint и AI

Мicrosoft Paint и AI Знаеме дека Microsoft Paint дека служи нешто да нацртаме, да обоиме и да додадеме текст. Но од 2023 година тој ја смена играта. Со интеграцијата на Bing, тој доби AI функции со кои што на корисниците на оваа алатка ќе им ја олеснат работата. Image Creator -  алатка со која што се овозможување креирање на фотографија. Generative earse – одстранување на делови од фотографија. За оваа алатка е потребно да сте претплатени на 365 пакетот, не е бесплатна. Remove background – алатка со која што се овозможува отстранување на позадината на една фотографија. Тука кога ќе се тргне позадината, сликата не станува транспарентна, туку има бела позадина. Иако се зачува како PNG, таа е бела и е потребно да се доострани со други алатки.Со еден клик позадината е тргната. За фунцкионалноста на овие алатки, потребно  е Интренет конекција и корисникот да е логиран на неговата Microsoft корисничка сметка. Важно е да се напомене дека Microsoft воведе и Cocreator специфично за нов...
Image
Како се прави песна со AI? (Од прва рака) Кога се креира една песна со помош на AI, прво нешто што треба е да се дефинира во каков стил ќе биде вашата песна. Кога тоа е дефинирано, преминувате во пишување на текстот. Текстот: Може да го смислите вие, а доколку немате инспирација, слободно можете да го вметнете во ChatGPT или Gemini и тие ќе ви дадат дополнување. Ако пак не сакате воопшто да пишувате, текстот може да го изгенерирате директно во алатките како Suno, Sonauto или Udio – зависи на која алатка сте фан. Многу битно: Ако генерирате текст во Suno на македонски јазик, за да не ви извади на бугарски или друг кириличен јазик, обавезно наведете му дека сакате на македонски. Алатки и лимити: Suno: Имате 50 кредити што се ресетираат на 24 часа. Со нив можете да извадите 10 песни. Sonauto: Тука немате лимити. Gemini: Нуди песни од по 30 секунди. Промт и структура: Кога сè е смислено, пишувате промт. Специфицирајте кој жанр ќе е музик...

Мојот AI пат - Од TTS 2019 до креатива 2026

Image
Мојот AI пат - Од TTS 2019 до креатива 2026 Ех денес AI се користи насекаде, но еве како започната употребата на AI од моја страна. Во суштина тоа кај мене започна кога го отворив мојот YouTube канал во 2019 година. Тогаш барав алатки кои што конвертираат текст во говор. Во тој период најдов една алатка која што го има името FromTextToSpeech. Искрено не знам ни дали постои таа денес, но беше на англиски јазик.   Во 2020 или 2021 година кога почнаа моите почетоци на TikTok јас барав нешто по ќе збора на македонски. Ја најдов MAIKA ама некако не бев задоволен бидејќи ќе почнеше да зборува и еден збор десет пати го повторуваше и немаше и уште нема опција да се зачува аудиото. Истиот тој период го најдов Alfanum. Тоа е демо и на сред зборување знаеше да речи демо и е на српски јазик. Е што направив јас тука. Тука почнав да пишувам на македонски јазик и тоа изговара македонски ама со српски акцент. Леле кога почнав да ги поставувам тие виде настана вистински бум. Ко почнаа коментари...

YouTube од забрани за AI до нивна интеграција

Image
 YouTube од забрани за AI до нивна интеграција Се сеќавате кога платформата YouTube терминираше канали кои масовно поставуваа AI генерирани содржини? Кога рекоа дека нема да има монетизација за оние што прават AI видеа? Епа, изгледа правилата важат за сите, освен за нив. Сега истите тие интегрираа AI директно во YouTube Studio. Хронологијата на нивното „подлегнување“ на трендовите: Јануари 2026: Почнаа со алатки за креирање содржина – генерирање фотографии, видеа од нула, „фото во видео“ функции и готови темплејти. Музика: Воведоа AI за музика, ама со финта – можеш да ја користиш само за нивните видеа, без опција да ја зачуваш како аудио фајл на свој уред. Најново (Desktop Studio): Сега воведоа и AI за анализа.Дополнително покрај анализата може и да ви дава идеи за креирање на нови видеа, но не може да се генерираат како што тоа е дозволено на мобилен телефон Не е лошо ова со анализиве на десктоп, ама зошто ги нема функциите за креирање што ги има на мобилен? Има креато...

Мое мислење, што би можело да означува логото на Meta AI?

Image
 Мое мислење, што би можело да означува логото на Meta AI? Според мене логото на Meta AI, кое е што е цвет - секое ливче претставува една од опциите кои што ги нуди овој сервис: Лист број 1 - З вук, тука спаѓа опцијата за додавање на аудио звук, како и опцијата која што овозможува да се додаде зборување на видеото кое што се креира. Лист број 2 - В идео, генерирање на видео запис од фотографија или видео започнато со креирање од нула. Лист број 3 - С лика, која што е статична и подоцна може да се направи во анимирана верзија. Лист број 4 - Генерирање на текст, опис за социјален медиум или додаден текст кој што треба да се среди. Лист број 5 – Знаење – поставувате прашање и добивате одговор. Лист број 6 – Профил – местото каде ги прикачувате вашите генерирани дела. Лист број 7 – Менаџер - пребарување на чатови и нивно бришење. Центарот – мозокот на операциите. Д.Н.

Дали AI ја убива креативноста?

Image
  Дали АИ ја убива човековата креативност? Како АИ влијае врз понатамошниот развој и учење? Најјако од се ми е што многумина мислат дека вештачката интелигенција ја убива човековата креатива. Не би рекол така таа за да изгенерира нешто потребно е да добие про мпт за да го направи нештото. Тој што е креативен со многу детален промт дефинира како ќе изгледа тоа што ќе се изгенерира. Со спој на многу алатки може да се добие многу и да се добие нешто добро изведено. Значи Промтоп е визија како треба да изгледа она што сме го замислиле - аутоутот. Човекот - креативецот кој што ја дефинира визијата, превзема акции да корекција и модификација на аутоутот: корекција на говор доколку не звучи добро изгенериран, трга делови рачно од фотографија, применува други алатки за подобрување, спојување на елементи крпење лепење и преместување. Финален продукт - спој на двете. АИ + човекова Креатива = добар резултат Или да земеме друга аналогија пример секој знае да држе четка ама не знае креативно д...