Мојот AI пат - Од TTS 2019 до креатива 2026

Мојот AI пат - Од TTS 2019 до креатива 2026


Ех денес AI се користи насекаде, но еве како започната употребата на AI од моја страна.
Во суштина тоа кај мене започна кога го отворив мојот YouTube канал во 2019 година. Тогаш барав алатки кои што конвертираат текст во говор. Во тој период најдов една алатка која што го има името FromTextToSpeech. Искрено не знам ни дали постои таа денес, но беше на англиски јазик.

 
Во 2020 или 2021 година кога почнаа моите почетоци на TikTok јас барав нешто по ќе збора на македонски. Ја најдов MAIKA ама некако не бев задоволен бидејќи ќе почнеше да зборува и еден збор десет пати го повторуваше и немаше и уште нема опција да се зачува аудиото.
Истиот тој период го најдов Alfanum. Тоа е демо и на сред зборување знаеше да речи демо и е на српски јазик. Е што направив јас тука. Тука почнав да пишувам на македонски јазик и тоа изговара македонски ама со српски акцент. Леле кога почнав да ги поставувам тие виде настана вистински бум. Ко почнаа коментари леле ова е прејако, како вака, што користиш и така натаму.
Истиот тој период ги открив алатките Voice Remover и vocali.se за одвојување на вокалите и инструменталниот дел од песната .


Потоа 2022 некаде најдов алатки на македонски јазик како Micmonster, TTSFree, FreeReadText. Го открив Clipchamp и таму има гласови на македонски - го користам едиторот и денес.


Е сега во 2023 година на TikTok имаше многу филтри со AI кои навистина го привлекоа моето внимание. Во Filmora интегрираа алатки за тргање на позадина и други AI функции.


Е сега од 2024 гоина го открив ChatGPT мислам знаев дека постои но не го користев. Тој период го разгледував.
Во 2025 година веќе почнав многу повеќе да го користам AI. Тука почнав да го користам Grok за генерирање на видеозаписи и фотки, Gemini и ChatGPT за фотки и уредување на текстови. 

Крајот на 2025 година почнав да правам AI музика со Suno.Го употребував и Udio, но тоа повеќе е добро за песни на англиски јазик, но нема простор за спуштање песни.


Во 2026 година почнав да го употребувам и Sonauto за креирање на песни или само инструментални подлоги. Истиот период до појавата на AI на YouTube во јануари почнав да ги употребувам и бенефициите од тие алатки. Од последните алатки што почнав да ги користам се Manus и MetaAi.

Значи овие алатки ми се наоѓаат за многу работи, ама најповеќе за продукција.

Значи од 2019 година па се до 2026 година моето искуство со овие сервиси расти .


Да сумираме:
2019 - 2021 e барање на TTS
2022 - 2023 транзиција на TTS со македонска поддршка
2024 - 2026 експанзија на креативноста

Д.Н.

Comments

Popular posts from this blog

Мое мислење, што би можело да означува логото на Meta AI?

Kако АI може да биде искористена за ваше идно стилизирање.