Дали AI ја убива креативноста?
Дали АИ ја убива човековата креативност? Како АИ влијае врз понатамошниот развој и учење? Најјако од се ми е што многумина мислат дека вештачката интелигенција ја убива човековата креатива. Не би рекол така таа за да изгенерира нешто потребно е да добие промпт за да го направи нештото. Тој што е креативен со многу детален промт дефинира како ќе изгледа тоа што ќе се изгенерира. Со спој на многу алатки може да се добие многу и да се добие нешто добро изведено.
Значи Промтоп е визија како треба да изгледа она што сме го замислиле - аутоутот.
Човекот - креативецот кој што ја дефинира визијата, превзема акции да корекција и модификација на аутоутот: корекција на говор доколку не звучи добро изгенериран, трга делови рачно од фотографија, применува други алатки за подобрување, спојување на елементи крпење лепење и преместување.
Финален продукт - спој на двете.
АИ + човекова Креатива = добар резултат
Или да земеме друга аналогија пример секој знае да држе четка ама не знае креативно да наслика слика на платно. Истото е со АИ ако не знае човек да управува добро со неа нема добри резултати.
А во врска со понатамошниот развој и учење еве и за тоа:
Како Аи можеш да го искористиш за учење
1 Доколку сакаш да го слушаш материјалот кој го изучуваш, можеме да го направиш во аудио формат со помош на TTS како што е изворната форма или пак да направиш подкаст во NotebookLM и да слушнеш еден од овие формати.
2 Доколку некоја материја во која што има табела со многу набројувам и ти е тешка за да ја совладаш, ти можеш со помош ВИ да ја претвориш во текст како елаборат со раскажување и да ја сфатиш доста добро .
3 Можеш да изгемерираш квиз со прашања да кликаш и да ти кажува дали одговорот е точен или грешен.
4 Можеш да побараш пример за одредена тема. Може да му речеш да биде само текст или дополнително со шеми за да ја сватиш суштината.
5. Доколку имаш огромен материјал можеш да побараш од неа да ти ги извлече клучните моменти.
6 Можеш да побараш совет како полесно да го совладаш материјалот.
7 Можеш да побараш да ти генерира скрипта која што ќе ти се најде за на училиште или на факултет - испити или колоквиуми.
Можеш да прилагодиш дали ќе објаснува на начин за основно, средно или високо образование .
А дали АИ е меч со две оштрици?
И за крај, сакам да додадам уште нешто многу важно – етиката и одговорноста на креаторот.
Свесен сум дека вештачката интелигенција може да биде меч со две сечила. Може да се злоупотреби за лажни вести, манипулации и плагијати. Најлош пример за тоа е кога некој би креирал лажна содржина – на пример, за болен човек за кој се собираат донации – само за да измами луѓе и да се обогати. Тоа не е проблем на технологијата, туку на отсуството на морал кај тој што ја користи. Исто како што со нож можеш да исечеш леб, но можеш и да повредиш некој, така и со ВИ – сè зависи од човекот.
Одговорноста е секогаш во наши раце.
Д Н.
Comments
Post a Comment