YouTube од забрани за AI до нивна интеграција

 YouTube од забрани за AI до нивна интеграција

Се сеќавате кога платформата YouTube терминираше канали кои масовно поставуваа AI генерирани содржини? Кога рекоа дека нема да има монетизација за оние што прават AI видеа?

Епа, изгледа правилата важат за сите, освен за нив. Сега истите тие интегрираа AI директно во YouTube Studio.

Хронологијата на нивното „подлегнување“ на трендовите:

  • Јануари 2026: Почнаа со алатки за креирање содржина – генерирање фотографии, видеа од нула, „фото во видео“ функции и готови темплејти.

  • Музика: Воведоа AI за музика, ама со финта – можеш да ја користиш само за нивните видеа, без опција да ја зачуваш како аудио фајл на свој уред.

  • Најново (Desktop Studio): Сега воведоа и AI за анализа.Дополнително покрај анализата може и да ви дава идеи за креирање на нови видеа, но не може да се генерираат како што тоа е дозволено на мобилен телефон

Не е лошо ова со анализиве на десктоп, ама зошто ги нема функциите за креирање што ги има на мобилен? Има креатори (како мене) кои преферираат десктоп за сериозна работа и би било идеално тие функции да се воведат и таму.

Заклучок: Иако долго време даваа огромен отпор, на крајот и тие мораа да „клекнат“ пред трендовите. Алатките се тука, ама како и за сè друго – ќе ни требаат уште десет пати регенерирање додека да ги погодиме на македонски! 

Comments

Popular posts from this blog

Мојот AI пат - Од TTS 2019 до креатива 2026

Мое мислење, што би можело да означува логото на Meta AI?

Kако АI може да биде искористена за ваше идно стилизирање.