Мојот AI пат - Од TTS 2019 до креатива 2026 Ех денес AI се користи насекаде, но еве како започната употребата на AI од моја страна. Во суштина тоа кај мене започна кога го отворив мојот YouTube канал во 2019 година. Тогаш барав алатки кои што конвертираат текст во говор. Во тој период најдов една алатка која што го има името FromTextToSpeech. Искрено не знам ни дали постои таа денес, но беше на англиски јазик. Во 2020 или 2021 година кога почнаа моите почетоци на TikTok јас барав нешто по ќе збора на македонски. Ја најдов MAIKA ама некако не бев задоволен бидејќи ќе почнеше да зборува и еден збор десет пати го повторуваше и немаше и уште нема опција да се зачува аудиото. Истиот тој период го најдов Alfanum. Тоа е демо и на сред зборување знаеше да речи демо и е на српски јазик. Е што направив јас тука. Тука почнав да пишувам на македонски јазик и тоа изговара македонски ама со српски акцент. Леле кога почнав да ги поставувам тие виде настана вистински бум. Ко почнаа коментари...
Мое мислење, што би можело да означува логото на Meta AI? Според мене логото на Meta AI, кое е што е цвет - секое ливче претставува една од опциите кои што ги нуди овој сервис: Лист број 1 - З вук, тука спаѓа опцијата за додавање на аудио звук, како и опцијата која што овозможува да се додаде зборување на видеото кое што се креира. Лист број 2 - В идео, генерирање на видео запис од фотографија или видео започнато со креирање од нула. Лист број 3 - С лика, која што е статична и подоцна може да се направи во анимирана верзија. Лист број 4 - Генерирање на текст, опис за социјален медиум или додаден текст кој што треба да се среди. Лист број 5 – Знаење – поставувате прашање и добивате одговор. Лист број 6 – Профил – местото каде ги прикачувате вашите генерирани дела. Лист број 7 – Менаџер - пребарување на чатови и нивно бришење. Центарот – мозокот на операциите. Д.Н.
K ако А I може да биде искористена за ваше идно стилизирање. Се ближи времето за некој настан , а вие сте намеркале некој модел на фустан, сукња или костум.Но не знаете како ќе ви стои? Па тука ви е AI да ви помогни. Ќе прашате како. Е вака. Ќе земете ваша слика и слика од самиот костим или било кое парче на облека. Ќе напишете промт каде што ќе е задржано вашето лице и да го стави тоа парче на вас. Од друга страна можете да побарате како да се облечите за некоја веселба или настан. Ќе ги испробате сите комбинации и ќе видете дали тоа е ок за вас или не. А може многу да ви помогне ако најдете некое парче облека и не знаете кој го направил. Ќе ја прашате ВИ и потоа со споредување на слики од нет ќе го најдете креаторот. Слика од промпт Оригиналната фотка, фотка од косумот и резултатот ВАЖНО: ВИРТУЕЛНОТО И РЕАЛНОТО НЕ Е ИСТО, ОВА ЌЕ ВИ ДАДЕ ВИЗИЈА ДАЛИ СЕ ГЛЕДАТЕ ВО ТОА ПАРЧЕ ИЛИ НЕ. Затоа во бутик пробај, а овде само види Д.Н.
Comments
Post a Comment